Дејвид Велч напишал писмо за збогум на неговата сопруга и четири деца , додека бил заробен во автомобил на дното на кањонот во Јута , каде што беше пронајден мртов еден месец подоцна.
Дејвид Велч (54) седнал во автомобилот и без знаење на семејството исчезнал во непознат правец . Семејството го пријавило исчезнувањето уште на 2 септември, нодури 7 недели подоцна до нив стасала трагичната вест .
Велч , полицијата претпоставува дека заспал на воланот и паднал во кањонот во провинциските делови на Јута, останал заробен во автомобилот со денови. Иследниците не може да утврдат колку долго Велч живел заробен во автомобилот, но се плашат дека агонија би можеле да трае со недели. Во деновите на агонија, додека чекал некој да го пронајде и спаси Велч напишал неколку писма до неговата сопруга ( 32) и четири деца, чија содржина не е јавно достапна, туку само на семејството.
Исто така е непозната причината зошто Велч без претходна најава возел речиси 1.000 милји далеку од својот дом во Менхетн
Велч го најде автостопер на 18 октомври, 46 дена по неговото исчезнување Полицијата не пронашла траги од кочење, така што се смета дека Велч заспал на воланот , а потоа паднал и бил заробен во автомобилот кои се преевртел.