Единствено што информираат родителите е дека до овој инцидент-храната за децата била подготвувана во просториите на градинка, а управата на градинката денеска ги информирала дека во иднина храната ќе пристигнува веќе подговтовена како што е практика кај поголемиот дел од училиштата и градинките. Заради труењето, за кое се уште се утврдува кој е предизвикувачот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја затвори централната кујна во објектот „Сончоглед“. Во најкус рок треба да информираат за причните за труењето.
4 деца и 2 бебиња – Труење со Салмонела во градинка во Автокоманда
Објавено: 30/10/2013 20:05Четири деца се пожалиле на дијареја и повраќање, а кај две бебиња е потврдено дека се затруле со бактеријата салмонела. Сите деца оделе во градинката „Сончоглед“ во населбата Автокоманда, јавува Телма.
По укажаната интеревнеција на Клиниката за инфективни болести бебињата се пуштени, а лекувањето ќе го продолжат во домашни услови. Повеќето од родителите чии што деца со години ја посетуваат оваа градинка не знаат за овој случај, ниту пак како дошло до ова труење.
Анкета