Од 1 јануари 2014 година сите производители и увозници на храна ќе мора да имаат изготвено научна студија за своите производи доколку ги рекламираат како здрави или хранливи.
Оваа обврската на компаниите им ја наметнува Правилникот за нутритивни и здравствени тврдења во комерцијални цели при означување кој е согласно европската легислатива.
Правилникот ќе биде презентиран денеска на работилница во Стопанската комора на Македонија.
Работилницата се организира во соработка со Асоцијацијата за здравство и Здружението за земјоделство при Стопанската комора. Пред претставниците на прехранбениот сектор ќе се обрати заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Абдулезел Догани.