Кристина Арнаудова – прва ќе снима спот во новиот театар


kristina

Иако веќе се наоѓа на врвот на неколку македонски музички топ листи со овогодинешната макфестовска песна “Земи ме”, Кристина Арнаудова одлучи да сними и видеозапис.

 На нејзино огромно задоволство песната ќе се снима на локација на која до сега не снимал ниту еден музички артист, пишува Вечер

“Јас ќе ја имам честа да бидам првиот артист, изведувач, кој ќе снима спот во новиот театар. Од секогаш имав желба да снимам во едно такво опкружување, а денес таа желба полека ми се остварува. Благодарна сум што ми е укажана доверба да го направам јас тоа прва”, вели Кристина која додаде дека спотот ќе го работи врвна екипа, режисер и продуцент ќе биде Ана Јорданова, а за костмите ќе се погрижи Тања Кокев.

“Кадрите за видеото ќе ги снимам оваа недела. Едвај чекам да се видиме на промоција, која ќе биде на ниво како и спотот”, заврши пејачката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1