Околу 45 лица се повредени денеска при судир на два трамваја на фрекфентна крстосница во Сараево.
Портпаролот на полицијата во Сараево, Ирфан Нефиќ изјави дека меѓу повредените нема посериозни случаи, а експерти се уште ги истражуваат причините за инцидентот.
Едниот од трамваите свртел на лево и се удрил во другиот, кој доаѓал од спротивна насока и се движел право.
Сведоци тврдат дека судирот бил толку многу силен што ги откорнал држачите во возилата за кои се држеле патниците.