Полицаец убиен во престрелка на аеродромот во Лос Анџелес


Вработен во американската Агенција за безбедност во сообраќајот (ТСА) е убиен денеска во престрелка на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Полицијата соопшти дека напаѓачот „повеќе не претставува закана“, без да прецизира дали е застрелан или уапсен.

BX_8Q9VCQAAGg5XСпоред очевидци, човек вооружен со пушка отворил оган кон вработените на аеродромската контрола на патниците. Еден очевидец изјави дека пред инцидентот, напаѓачот му пришол и го прашал дали е од агенцијата ТСА и кога му одговорил одречно, продолжил кон пункт за проверка на пасошите на патниците, каде се случил нападот.

Очевидците напаѓачот го опишуваат како низок човек, кој нападот го извршил со пушка и додаваат дека слушнале вкупно меѓу осум и 10 истрели.

– Стоевме кога некој почна да пука. И јас и сите околу мене се фрливме на земја и ползејќи почнавме да бегаме, оставајќи ги куферите зад нас, изјавил еден патник за телевизијата Ен-би-си.

Силни полициски единици веднаш го блокираа аеродромот и ги евакуираа патниците од Терминалот број 3, каде се случил нападот.

Контролната кула им дозволува на летовите кои веќе се на пат кон Лос Анџелес да слетаат, но сите летови на сите авион кон Лос Анџелес кои се уште не полетале засега се одложени.

Идентитетот и мотивот на напаѓачот засега не е познат, но се претпоставува дека главна цел биле вработените на ТСА.

Агенцијата постојано е цел на критики во американските медиуми поради заострените проверки на патниците кои се качуваат на авионите, кои честопати значат и темелен претрес. Медиумите честопати се полни со информации за претерани претреси на деца, девојки и стари и болни лица.

Аеродромот во Лос Анџелес беше цел на терористички напад во 2002 година, кога напаѓач по потекло од Египет отвори оган врз патниците на шалтерот на израелската авиокомпанија Ел Ал, убивајќи две лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1