Причина за ненадејната смрт на 29- годишниот Пеце Стојчевски од битолско Кравари е мозочно крварење, предизвикано од прскање на анеруризма, пренесува Алфа.
Ова е утврдено во обдукцискиот наод на битолските патолози, откако Стојчевски завчера ненадејно пичина во Клиничката болница во Битола и остави сираци, две малолетни деца.
Според соопштението на истрагата, во натмошна постапка , се очекуваат резултати од пато- хистолошки наод, кој ќе биде готов за петнаесет дена.
Стојчевски беше примен во Клиничката болница на 20 окотомври со главоболка и вртоглавица, меѓутоа и покрај дијагностичките протоколи, не беше постваена дијагноза и со добра општа состојба, ненадејно почина вчера.
Истрагата треба да утврди дали постои некаков пропуст во болничкиот третман на Стојчевски.