23 годишно момче е убиецот од аеродромот во Лос Анџелес


23-годишниот Пол Цианциавлегол во терминалот со торба во која криел пушка, и откако побарал пункт за проверка на документите на патниците, каде има повеќе вработени на ТСА, отворил оган врз нив. Уапсен е од страна на полицијата по кусата престрелка која предизвика неколкучасовна блокада на Терминалот 3 на аеродромот и евакуација на илјадници патници, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

CIANCIATAЦианциа нападот го извршил рано изутрината, кога влегол во терминалот со торба во која криел пушка, и откако побарал пункт за проверка на документите на патниците, каде има повеќе вработени на ТСА, отворил оган врз нив.

– Бев во ходникот кога човек помина покрај мене со пушка во раката. Ме погледна и праша дали сум од ТСА. Кога одмавнав со главата, само продолжи – изјави Леон Сарјан, патник кој преживеал блиска средба со убиецот.

Убиениот вработен на ТСА, Херардо Хернандез (39), бил агент задолжен за откривање на сомнително однесување на патниците. Уште двајца негови колеги се ранети, а уште четири лица биле повредени во мешаницата која настанала по престрелката.

Пред нападот, Цианциа испратил порака до семејството во која најавил дека ќе си го одземе животот. Во неговата торба биле пронајдени стотина куршуми и материјали со пораки насочени против властите и ТСА, но засега не се откриваат попрецизни детали за мотивите на Цианциа.

Обезбедувањето на аеродромот не врши проверка на влезот, туку на пунктовите пред влезот во самите авиони, поради што Цианциа успеал да навлезе длабоко во терминалот пред да го започне нападот.

Агенцијата ТСА е една од најомразените во САД, и редовно е цел на критики во медиумите поради претерано строгиот однос на нејзините вработени, од претресувањето на деца и стари и болни лица, но и познати личности како актерите Мајкл Даглас и Рајан Гослинг, а старлетата Ким Кардашијан своите искуства со аеродромското обезбедување го спореди со „силување“. Но, целта на агенција е да спречува напади врз авионите, и досега не се претпоставувало дека и самата ќе биде цел на напад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1