7 год Даниел го гледал татко си како умира – оттогаш ја загубил моќта да зборува


Седум годишниот  Даниел Соколов  ја загуби моќта на говорот пред една година  од  стрес, гледајќи го неговиот татко како умира ненадејно.

daniel-470x320Даниел слуша и разбира се, но преживеа шок по кој не може да зборува . Тој  со неговата мајка , брат и сестра живеат во Сајан кај Kикинда, во трошна  куќа едвај врзувајќи крај со крај – а пред една година ненадејно го загубија и единствениот кој носел парче леб за семејството.

Живеат во куќарка која едвај стои. Во секој момент покривот може да им се урне на главата. Две години се  без електрична енергија, пишува Blic .

Во моментот кога починал таткото малиот Даниел бил дома. го гледал својот татко се обидувал да го довикне но таткото само се грчел на креветот. Дома бил и постариот брат Александар.

 „ Тато умре дома во кревет. Тој се врати дома од работа , легна , се сврте , и почна да трепери“, раскажува 11-годишниот брат  Александар.

 daniel-semejstvoДаниел отогш престанал да зборува. Оваа година тргна на училиште. Даниел разбира се  и слуша, реагира брзо, но од  преживеаниот шок не може да се зборува.

Кога  слушне дека се споменува  неговиот татко, ја  донесе сликата за да го покаже неговиот татко. Неговите сини очи се полни со солзи, но не изустува ниту збор.

Сите три деца патуваат до училиште во соседното село  за да посетуваат настава на српски јазик. Очите  им  се полни  со солзи од  преживеаниот страв и немоќ. Единствена желба им е куќа во која ќе можат да живеат нормално, како сите нивни другари.

Мајакта Едита и  децата живеат од  пензијата  а тоа е 11.600 динари месечно.

„Ќе порачам  два кубни метри дрва. Тоа не е доволно за зима, но јас немам овеќе  пари . Јас се плашам од зимата и снегот кои можат целосно да ни ја  уништат куќата, но јас сум немоќна“ вели Едита .

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1