Колекција од уметнички дела вредна 1,7 милијарди евра, која ја заплениле нацистите за време на Втората светска војна е пронајдена во неугледен стан во германскиот град Минхен. Германскиот весник „Фокус“ пишува дека полицијата овие дела ги пронашла во 2011 година.
За сликите ништо не се знаело додека во возот кој одел од Швајцарија кон Германија не бил претресен невработениот син на трговецот со уметнички дела Хилдебрант Гурлит, кој со себе носел голема сума на пари во готово. тогаш полицијата побарала да го претресе неговиот стан кој го изнајмувал за 700 евра месечно, но резултатите од претресот се уште не се познати.
Сликите биле пронајдени во голем неред, весникот наведува дека половина век лежеле меѓу стари тегли и ѓубре во мрачна соба.
Експертите тврдат дека нацистите ги добивале сликите од Евреите во замена за нивната слобода и бегство од Германија.
Еден таков пример е делото на францускиот сликар Мартис кое му припаѓало на еврејскиот колекционер Пол Розенберг, кој од нацистите побегнал до Париз во 1940 година.