Европската комисија побарала од државите членки на ЕУ да одобрат одгледување на генетски модифицирана пченка во Европа. Доколку не биде постигнат договор, ЕК ќе ја наметне како задолжителна одлуката
ЕК ова го побарала поради одлуката на Европскиот суд за правда кој на 26 септември оценил дека Комисијата е преспора во решавањето на барањето за одобрување за одгледување на ТЦ1507 кое во мај 2001 го поднесе Пионеер, подружница на американскиот ДуПонт.
Пченката ТЦ1507 е отпорен на неколку хербициди, кои содржат глуфосинат-амонијак, кој според на еколозите е токсичен.
Оваа пченка моментално е дозволена за човечка и животинска употреба во Унијата, но не и за одгледување.
Повеќе на – СТОПГМО.МК