Полицискиот хеликоптер го пронајде момчето од Скопје, кое денеска паднало во длабока провалија на реката Бабуна. Планинарот е пренесен во Ургентниот центар.
Засега нема информации за здравствената состојба на повредениот. Повеќе информации се очекуваат подоцна.
Инаку, нема повредени меѓу деветмината планинари од Битола кои денеска се таму.