Трагични вести за здравјето на Анџелина


Со ваков наслов излезе последниот број на американскиот таблоид Ok каде се вели дека по претрпената операција од Анџелина Џоли, состојбата и се влошила и лекарите стравуваат за нејзиниот живот. Пишува исто и дека Бред Пит напуштил сè и се вратил кај својата сопруга.

andjelina jolyВо мај актерката беше изложена на двојна мастектомија, за да се намали веројатноста за рак. Тогаш таа рече дека не сака да предизвика страдање за децата, напуштајќи го овој свет заради рак на дојка, додека тие се уште помали.

Истражувањата открија дека 38-годишната Џоли носи “оштетен” ген BRCA1, кој неретко ја зголемува веројатноста за рак на дојка и на јајниците. Кога го разбрала тоа воопшто не се двоумела да легне под нож. Според неа, по операцијата на неа сепоставени импланти, и нема никакви други траги од операции, освен мали лузни, кои за децата не се забележливи.

Од септември Анџелина ги избегнува камерите. Според податоците на Ok! таа е подложена на сложени медицински процедури.

На 27 мај од рак на дојка почина 60-годишната тетка на Џоли – Деби Мартин. Мајката пак на актерката, Марша Бертран, починува во 2007 г. на 56-годишна возраст, по 7-годишно лекување од рак на дојка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1