Атанас загинал пред очите на девојката – мобилните немале сигнал – помош викнале по 1 час


Причина за смртта на младото момче кое вчера падна од провалија висока 20 метри кај изворите на Бабуна под Солунска глава, бил ударот со глава во камен, информираат од велешката полиција.

solunska glavaАтанас Л (24) во 13 часот и 30 минути се движел во група од шест лица на возраст од 20 до 30 години меѓу кои била и неговата девојка. Сите биле очевидци не трагичниот настан, тие виделе како нивниот пријател Атанас се лизнал и паднал и удрил во камен. Но поради непристапниот терен никој не можел да му помогне, рече на денешната прес-конференција портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.

Поради непокриеност на местото со мобилна телефонија неговите другари  во полиција се јавиле за помош дури еден час по несреќата.

Според официјалната информација на СВР Велес, по повикот во полиција, на лице место на несреќата отишол хеликоптер на Специјалните единици на МВР и биле превземени мерки за извлекување на настраданиот.

Тој попладнето во 17 часот и 30 минути бил пренесен во Итната медицинска помош во Скопје, каде од страна на лекар била констатирана смрт.

A1On

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1