Бебе плаче, дух на девојка на прозорот – Куќа на духови во Хрватска (Видео/Фото)


Во Шкрињари во близина на Бјеловар, една голема куќа е празна со децении и внесува немир и паника. Никој не сака да ја купи бидејќи локалните жители велат дека духовите ја прогонуваат куќата.

duh devojceЖителите на малото село велат дека тие што влегле во куќата во текот на ноќта чуле чудни звуци. Оние кои имале храброст и отишле во неа тврдат дека слушнале стапалки и треснување на врати, а виделе и силуета на жена и дете, некои тврдат дека чуле плач на бебе и врисоци од бунарот – има приказна дека бебе било фрлено во бунарот од млада мајка која подоцна се убила. Друга приказна вели дека се случаат врисоци и гребење од ѕидовите – има гласини и дека жената што вреска била убиена таму и зацементирана во темелите. Мистерија повеќе што придонесува за ширење на оваа приказна е што подрумот е зацементиран.

– Девојката и јас дојдовме до куќата и со камера го снимавме дворот и прозорците на куќата. Одеднаш видовме на камерата во позадина силуета на жена, а потоа се претвори во силуета на дете. Мојата девојка врисна и избегавме – изјави за 24sata.hr Томислав Ковачевиќ од Вировитица кој ја посетил “опседната куќа”  тој до редакцијата испратил дел од фотографиите кои ги направил

kucu-kod-bjelovara-opsjedaju-duhovi-snimio-obris-curice-504x335-20130415-20130417082927-0da1a5b2f153e675cfb021fd899654aa

Јас се ужасувам кога мислам на таа ноќ. Сестра ми и јас отидовме со еден пријател назад во Бјеловар . Одеднаш ја видовме куќата, пред неа жената. Таа стоеше на мостот со рацете превиткани и се сврти кон нас. Тоа беше ужасно.  ќе се сеќава на ова додека сум жив. Жената немаше лице,  и имаше дупки место очи … – изјавила за новинарите туристка која со пријатели на шала отишле да проверат дали навистина куќата е проколната

UkletakucaBjelovarКуќата е празна со децении, бабата која живее спроти неа вели дека таа никогаш не видела ништо но дека доаѓаат многу млади кои само го подгоруваат митот за духовите. Таа раскажува дека последниот сопственик веднаш се отселил, а не знае зошто. Куќата е на продажба сега од 1997 година. по многу ниска цена , но никој не сака да ја купи . Куќата се одликува со црни крстови на фасадата под покривот , прозорци без стакло и ролетни растргнати .

Полицајци ја поминаа ноќта во куќата и оседени завршиле на психијатрија

Постои подрум , но врата е забетонирана. Многумина се прашуваат што крие . Во куќата се обиделе да преспијат многумина: една група полицајци, смел авантурист, и група на таксисти од Бјеловар . Полицајците наводно, како што се прераскажува не се сеќавале на ништо од моментот кога влегле во куќата. Што се случувало во куќата им е избришани. Во утринските часови тие наводно биле пронајдени со побелени коси како изгубени се шетат околу куќата , а кратко по настанот завршиле во Бјеловар на одделот за психијатрија во Вила Марија.

Ова се само некои од сценарија кои се прераскажуваат по форумите. Постои дури и фејсбук страна под името “Škrinjari Ukleta Kuća
Duhova”

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1