Автобуската станица под мостот Влајко е опасна за живот на скопјани. Тие се жалат дека постојката од неодамна е преселена точно под мостот каде што има улица да се врти десно, пишува Вест.
Патниците се симнуваат и се качуваат, а директно на нив налетуваат колите кои сакаат да влезат во уличката, која води во населбата.
Возачите нервозно коментираат дека оваа автобуска станица е убиец, оти поради нејзината местоположба се случиле многу сообраќајки.
Тие реагираат оти нема ниту еден метар растојание од автобуската до раскрсницата, што е главна причина за најголемиот број несреќи на ова место.
„Кога автобуската се наоѓаше подалеку од мостот, се случила несреќа, односно загинало девојче што претрчувало по булеварот за да стигне до автобусот, оти мостот бил далеку. Поради тоа ја преселивме станицата, и за тоа има сообраќаен проект, направен според сите стандарди за безбедност во сообраќај. Целта беше да се намалат несреќите и да ја зголемиме безбедноста и на пешаците и на возачите, а не да ги зголемиме”, објасни Мишо Николов, директор на ЈСП „Скопје”.
Повеќе на Вест