novinarka rak„Мамографот ти го спаси животот“ и рекле лекарите. Мастектомијата и е закажана за 14 ноември.

Харизматичната водителка и мајка на две деца за ова напишала на блогот на АВС. Во тоа време работела на приказна за сопруги на убијци, кога еден од продуцентите ја прашал дали би се согласила да направи прилог за мамографија по повод месецот за борба против рак на дојка.

Прилогот требало да опфати и преглед на лице место, со оглед на тоа дека Ејми е во години кои спаѓаат во ризична група – 40.
Во 20 – годишната кариера нејзиниот живот го одбележале трагедиите на другите луѓе, но никогаш и нејзината.

„Тој ден, кога ме пратија да работам нешто што не го сакав во тој момент туку го планирав за неколку години, всушност не знаев дека сум во многу сериозна животна ситуација“, пишува репортерката.

На почетокот од октомври и бил направен првиот преглед кој во живо го гледале неколку милиони луѓе. Таман земала здив, добила телефонски повик за да се врати на местото на снимањето. Била убедена дека треба да досними уште неколку кадри или фотографии, но и било соопштено дека има рак на дојка.

„В четврток, на 14 ноември, ќе бидам оперирана. Лекарите ќе направат мастектомија, по што ќе следува и реконструктивна хирургија. Дури после тоа ќе сфатам што значи оваа борба, со тоа можам да кажам дека веќе сум ментално и физички спремна, со оглед на тоа колку ми дозволува ситуацијата“.

Таа истакнува дека среќа во несреќа е тоа што болеста е дијагностицирана на време и им заблагодарува на продуцентите и на сите кои биле вклучени во приказната. На крајот, оваа храбра жена порачува:

„Можам само да се надевам дека мојата приказна ќе ги инспирира жените ширум светот и дека и тие ќе одат на преглед. Нема изговори. Тоа е прашање на живот или смрт.“

Kanal 5