Скопска автобуска станица убиец


Ав­то­бус­ка­та станица под мостот Влајко е опасна за живот на скопјани. Тие се жа­лат дека постојката од неодамна е преселена точно под мостот каде што има улица да се врти десно, пишува Вест.

Патниците се симнуваат и се качуваат, а ди­рек­тно на нив налетуваат колите кои сакаат да влезат во уличката, која во­ди во населбата.

Каменуван-автобус-3Во­за­чи­те нервозно коментираат дека оваа автобуска станица е убиец, оти по­ра­ди нејзината местоположба се случиле многу сообраќајки.

Тие реагираат оти нема ниту еден метар растојание од автобуската до рас­крс­ни­ца­та, што е главна причина за најголемиот број несреќи на ова мес­то.

„Ко­га автобуската се наоѓаше подалеку од мостот, се случила несреќа, од­нос­но загинало девојче што претрчувало по булеварот за да стигне до ав­то­бу­сот, оти мостот бил далеку. Поради тоа ја преселивме станицата, и за тоа има сообраќаен проект, направен според сите стандарди за без­бед­ност во сообраќај. Целта беше да се намалат несреќите и да ја зголемиме без­бед­нос­та и на пешаците и на возачите, а не да ги зголемиме”, објасни Ми­шо Николов, директор на ЈСП „Скопје”.

Повеќе на Вест 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1