Два луксузни автомобили изгореа синоќа во Битола, непознат сторител ги полеал со запалива течност.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа кратко пред 22 часот непознато лице опожарило два автомобили на улицата „Булевар 1-ви мај“ во Битола.
Во пожарот настрадале „мерцедес“-от на 32-годишниот С.Р. и „ауди а4“ на 45-годишниот В.Н. двајцата од Битола.
Полицијата се’ уште нема податоци за инцидентот и за мотивот на пожарот.