Жителите на селото Саница во Босна останале изненадени откако преку ноќ малото езеро во нивното место пресушило, а зад себе оставило огромна дупка која продолжува да се шири и да ја голта и земјата.
Тие сметаат дека веројатно станува збор за подземни води, меѓутоа се очекува пристигнување на експерти кои треба да објаснат што точно се случува.
Како што пишуваат босанските медиуми ова не е прв ваков случај, и порано имало ваква дупка во близина на ова село.
Една помала се наоѓа во непосредна близина на новонастанатата дупка.
Сепак овој феномен привлекол огромно внимание , па многу луѓе од околните места дошле да ја видат оваа несекојдневна глетка.