Затворена „Еко оранжерии“ која извезе отровни краставици – ќе плати и 13.000е


Еко-оранжериите „Анска Река“ кои пласираа 34 тони корнишони со зголемена концентрација пестициди во Хрватска, треба да платат 13.100 евра глоба. Во исто време, компанијата доби и забрана за вршење дејност.

krastavicaНа македонскиот пазар нема од овие корнишони. Целата количина е извезена во Хрватска, а ги увезе „Подравка“. Краставиците се уништени на депонија во Вараждин.

Пратката отровно грозје пак која заврши во Франција, ја произвел индивидуален производител, извозник е „Виви пром“ Богданци, а откупувач физичко лице.

Ова ќе се одрази врз македонскиот извоз. Европските земји ќе ги зајакнат мониторингот и контролите додека сосема не се уверат дека поминал секој можен ризик од внес на неисправни производи од Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1