Кометата одеднаш се “запалила“ и нејзината светлина е зголемена, иако ѝ претстојат уште две недели на патот до Сонцето
Нејзината светлина на почетокот на оваа недела како да беше во фаза на мирување, за одеднаш да блесне, пренесува порталот “Space”.
Астрономите ја мерат светлината на објектите на ноќното небо, а според пресметките, колку некој одреден објект е посветол, толку е помала неговата магнитуда. Човечкото око може да ги види објектите со магнитуда до +6,5.
ISON во понеделникот на 11 ноември блескаше со магнитуда +8,5, што значи дека кометата беше премногу слаба за да се види со голо око. Меѓутоа, до средата наутро, осветленоста се зголемила на +7,3, вчера наутро “скокна” на 5.4.
За само 72 часа, светлината на кометата ISON се зголемила за речиси 16 пати.
“ISON драматично ја зголеми својата светлина во последните неколку дена. Според најновите согледувања нејзината осветленост е со магнитуда 5,7-6,1 . Ја набљудував утрото со двоглед, беше во форма на шекерче, со сино-зелена глава и долга, тесна опашка. Опашката беше со должина повеќе од еден степен. Нејзината светлина уште ќе зајакнува, ова е сѐ уште рана фаза”, истакна во соопштението за “Space” Karl Hergenroter, координаторот на Секторот за комети при Здружението на лунарните и планетарните набљудувачи.
Кукурику.мк