trajkovski kingerВо Ротимље, на местото на трагедијата денеска беа 7-мината македонски експерти кои се дел од новата комисија за истражување на падот на кингерот и погибијата на претседателот Борис Трајковски и 8 членови на државната делегација. Со повеќе инструменти и уреди од земја, од местото каде паднал кингерот во февруари 2004-та, експертите ги проверувале параметрите на летот и калибражата на авионските инструменти.

Според информациите на Канал 5 досега дваесетина жители на селото ја раскажале својата верзија на настанот која во сите искази е многу слична, дека во февруари 2004 по падот на кингерот во близина на Ротимље дошле француски војници на СФОР кои го блокирале теренот и не дозволувале пристап до местото на падот. Дури 24 часа по несреќата е откриено местото каде кингерот се забил во земјата.

За време на новата истрага откриени се и повеќе документи кои даваат ново светло на околностите при падот на кингерот, а во првиот извештај воопшто не биле спомнати. Анализите на сите овие податоци ќе се одвиваат оваа работна седмица, но се уште не се соопштува кога ќе биде составен новиот извештај за несреќата која однесе девет човечки животи и кога ќе биде објавен и доставен до обвинителството.

Канал 5