Загина работник на САСА – врз него паднала машина


Трисетгодишниот Јанче Д, одржувач на машини во рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица, починал од повредите што ги добил кога врз него паднала машината со која поправал камион.

28092012161933_sasa[5]Несреќата се случила утрината околу 6 часот додека Дојчиновски работел на поправка на рударски камион во јамата и во критичниот момент машината паднала врз него.

По несреќата бил свесен и веднаш со возило е упатен кон болницата „Систина“ во Скопје, но пред Кочани му се влошила состојбата и е пренесен во кочанската болница каде што починал.

Дојчиновски е роден во селото Саса, живеел во Македонска Каменица и е родител на две малолетни деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1