На гробиштата во Норвешка можат да се видат покриени надгробни споменици со црни ќеси, а тоа им се случува само на оние чии семејства на покојниот не ја платиле годишната кирија за парцелата.
Оваа активност во Норвешка беше широко рекламирана и критикувана преку социјалните мрежи, а целата практика беше опишана како невкусна и недостојна.
Одговорните лица за овие бизарни мерки рекле дека тоа е неопходно, доколку роднините на починатиот подолго време не ја плаќаат киријата за гробното место.
Според законите во Норвешка, користењето на гробното место е бесплатно првите 25 години, а во иднина, за употреба на гробот роднините на починатиот треба да плаќаат годишна кирија во износ од 85 долари.
Денешен