„Сите триесетина работници кои работеле на реконструкција на патот во Уганда, во моментов се наоѓаат во главниот град Кампалa и се сместени во карантин“, изјавил Стојан Чолаков, директорот на „Енерџипроект“.
Во рацете на смртоносната болест ебола, од која за 10 дена во Уганда починаа 16 луѓе, се најдоа и 30 работници од компанијата „Енерџипроект“. Српските работници во моментов се наоѓаат во градот Кампала и поради претпазливост се сместени во карантин.
„Сите триесетина работници кои работеле на реконструкција на патот во Уганда, во моментов се наоѓаат во главниот град Кампалa и се сместени во карантин“, изјавил Стојан Чолаков, директорот на „Енерџипроект“.
Заразата се шири
Дел од триесетмината работници, во 2010 година работеле на реконструкција на 44 километри пат во Уганда.
„Според нашите сознанија, овен работници на „Енерџипроект“, засега немаме информации за други работници, кои што би можеле да ги имаат симптомите кои што ги носи оваа болест“, изјавила Зорица Јекиќ, која е задолжена за економските односи на компанијата.
Во Министерството за надворешни работи на Србија велат дека во Уганда во моментов се наоѓаат 60 државјани на Србија.
„Република Србија нема амбасада во Кампала и таа област се покрива од местото Најробија. Министерствто и даде налог на тамошната амбасада, да биде во контакт со нашите државјани во Уганда, како би им се укажале на превземање на сите превентивни мерки, во склад со препораките кои ги издала владата на Уганда. Амбасадата ќе го следи и понатамошниот развој на настаните“, изјавила Весна Секерезовиќ, портпарол на министерството за надворешни работи на Србија.
Епидемијата ебола е една од најсмртоносните болести на денешницата, изби пред десет дена во Уганда, а заразата овој пат, за разлика од претходниот, се прошири и во главниот град Кампала, која има редовни летови за Европа и САД. Експертите поради тоа стравуваат дека, болеста за која се уште не е пронајден лек, може да се пренесе и на нашиот континент.
Епидемијата која изби во селото Њансвига, многу се разликува од претходните. Еден од заразените селани успеал да стигне до болницата во Кампалa, каде што набрзо потоа и починал од зголемено крварење. Еден час подоцна штом се дознало дека во болницата пичинал пациент од ебола, во Кампала град со 1,5 милиони жители, веднаш избила паника. Болните со пижами почнале да бегаат од болниците, а жителите да ги напуштаат своите домови.
Меѓу починатите има и лекар кој што се обидел да помогне на една од жртвите. Засега се идентификуваат најмалку 232 личности кои биле во контакт со заразените.