Драг Дедо Мраз, оваа година барам нешто многу посебно за Божиќ. Татко ми има опасен тумор на мозокот. Можеш ли, те молам, да најдеш лек за да му биде подобро? Јас би бил најсреќното дете на светот!
Ова е писмото кое 10-годишниот Рони Харис му го испратил на Дедо Мраз. Најверојатно е најискреното и најтажното писмо во кое е посакана желба искрена од срце. Писмото го нашла неговата мајка под креветот на момчето.
Расел Харис, таткото на момчето има карцином на мозокот, кој веќе влегол во четврти стадиум, но и покрај тоа, малиот Рони се уште се надева дека Дедо Мраз ќе му помогне. Вака изгледа писмото на Рони