Се урна супермаркет во Рига – загинаа 15 купувачи, 3 спасувачи, 36 повредени меѓу кои и дете


Бројот на загинатите под урнатините од супермаркетот во предградието на Рига достигнал 18 жртви, од кои 3 се спасувачи, пренесува РИА Новости повикувајќи се на извори од латвиската полиција.

supermarket riga„Во овој момент можеме да ја потврдиме смртта на шест луѓе. Меѓу нив двајца се спасители”, рекле за агенцијата во полицијата во Рига.

Претходните информации говореа за четворица загинати и 30 повредени, меѓу кои и дете со повреди во главата. Операцијата на спасување продолжува и во два часот по полноќ по локално време, а сѐ уште важеа претходно соопштените процени за околу 70 луѓе заробени под урнатините.

На бројните медицински и спасувачки екипи кај супермаркетот „Максикам ХХ” во предградието на Рига, во текот на ноќта им се придружиле и единици на армијата.

64899c3b-b352-420d-a6b2-ce7550c57f1c

Според грубите процени се урнал покривот на објектот со површина од 500 квадратни метри. Причината за уривањето сѐ уште не е позната, иако очевидци за локалните медиуми изјавија дека непосредно пред уривањето се слушнала експлозија. Меѓутоа, некои медиуми пишуваат дека пред несреќата на покривот од супермаркетот биле изведувани градежни работи.

1a0bc777-4288-4072-88fc-6b5a297b156b

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1