Состојки
- 200 г брашно (тесто со спанаќ)
- околу 80 мл вода (тесто со спанаќ)
- 150 г спанаќ (обарен, добро исцеден и изблендиран)
- 1 лажичка сув квасец (тесто со спанаќ)
- 1 лажичка сол (тесто со спанаќ)
- 1/2 лажичка шеќер (тесто со спанаќ)
- 1 лажица масло за готвење (тесто со спанаќ)
- 200 г брашно (тесто со морков)
- околу 100 мл вода (тесто со морков)
- 150 г морков (излупен, исечкан, сварен и изблендиран)
- 1 лажичка сув квасец (тесто со морков)
- 1 лажичка сол (тесто со морков)
- 1/2 лажичка шеќер (тесто со морков)
- 1 лажица масло за готвење (тесто со морков)
- 200 г брашно (бело тесто)
- околу 130 мл вода (бело тесто)
- 1 лажичка сув квасец (бело тесто)
- 1 лажичка шеќер (бело тесто)
- 1/2 лажичка сол (бело тесто)
- 1 лажица масло за готвење (бело тесто)
Подготовка
1.Од состојките за подготовка на трите видови тесто, замесете средно-меко тесто. Покријте ги со крпа и оставете ги да нараснат.
2.Секое тесто поделете го на два дела и секој дел, со помош на раце, расукајте во тенка долгнавеста форма. Сите шест долги стапчиња треба да имаа иста должина.
3.Наредете ги едно до друго, започнувајќи со зеленото, жолтото па белото, па повторно по истиот редослед.
4.Со рака, стапчињата вртете ги во еден правец, така да добиете испреплетени стапчиња.
5.Вака испреплетени, свиткајте ги во форма на полжав.
6.Печете во загреана рерна, на 200 степени, околу 30 до 35 минути. Оставете ја малку да се олади и сервирајте ја. Добар апетит!









