Споменикот на Гоце Арнаудов ќе биде готов на 15 јануари


Македонската фолк-легенда, Гоце Арнаудов, кој почина пред две години, наскоро ќе добие споменик во Малиот градски парк во Струмица. Според информации од Oпштина Струмица, која преку јавен конкурс побара идејни решенија за изработка на споменик на Арнаудов, тој се лее во леарница во Скопје, и ќе биде готов до 15 јануари.

goce arnaudovБидејќи за негово целосно обликување се користат техники за негова заштита и доработка, оти ќе стои на отворено, завршните подготовки нема да стигнат до 11 декември – патрониот празник на градот.

Од понудените идејни решенија e избрано тоа на академскиот сликар и вајар од Струмица, Митко Тошев. Споменикот ќе биде висок два метрa, излеан во бронза налик на сценски настап на Гоце Арнаудов. Споменикот ќе се наоѓа во непосредна близина на неговиот дом, чиј стан е отспротива на местото каде што ќе биде поставен.

Гоце Арнаудов е роден на 19 август 1954 година, а почина на 57-годишна возраст на 11 декември 2011 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1