Правеле фалс европски пасоши во скопската чаршија


– Станува збор за фирма регистрирана за дејности туризам и трговија ФБИ- Арачиново, рече Иво Котевски од МВР.

apsenje carsijaТуристичката агенција која е крстена по американската агенција за борба против криминал ФБИ, беше под сомнение дека е дел од организирана група која во Македонија произведувала фалсификувани белгиски, грчки, бугарски и словенечки пасоши и лични документи.

Групата од најмалку десетина члена  лажните документи ги продавала во Хамбург за цена од 800-тини до 1 500-тини евра, а иселениците во Германија ги користеле за да го средат својот нелегален престој во Европската Унија.

Уапсени се неколку лица, извршени се повеќе претреси во куќи во Скопје, а истовремено имало апсења и во Германија. Откриено е дека пасошите се печателе во Македонија.

-Пасошите се печателе во Македонија, потоа се испраќале во Германија, а за возврат преку трансфер на пари се плаќало за таа услуга на лицата кои биле во Македонија. Групата функционирала мошне организирано. Во неколку наврати апсени се членови на групата во Германија, но таа по принцип на Франкфурт мафија се реорганизирала и го продолжила кривичното дело, тврди Котески, портпаролот на МВР.

Досега не е познато колкумина пазариле фалсификувани пасоши и колку пари заработила осомничената група наречена Хамбург мафија.

Foto – Kanal 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1