Градот во Калифорнија, кој има околу 57.000 жители, усвоил забрана за пушење во сите простории што со еден ѕид се одделени од соседното домаќинство.
Тоа значи дека станарите во колективните згради не ќе можат да пушат во своите домови. Законот се однесува и на сопствениците и на корисниците на становите. Забрането е и пушење надвор, освен ако „пушачот активно поминува по улицата, без запирање“. Со тоа, и пушењето е забрането и на просторите за рекреација, бавчите на угостителски објекти, автобуските постојки…
Рестриктивната политика се објаснува со тоа дека „чадот од цигарите може да поминува и низ вентилациски цевки и ѕидови“.
Многумина сметаат дека тоа е недозволив диктат од страна на властите.