Управата за хидрометеоролошки работи за денеска ни најавува претежно облачно со врнежи од дожд и максимални температури до 15 степени.
На места, велат од УХМР, дождот ќе биде пообилен со над 20 литри на метар квадратени. Врнежите ќе бидат проследени со ретки грмежи, а ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.
Во Скопје ќе преовладува слично време со температура до 13 степени.