Откриен двојниот живот на славниот милијардер – правел филмови, а бил и шпион за Израел


Еден од најголемите холивудски продуценти, израелскиот милијардер Арнон Милчан проговорил за својот двоен живот – од една страна продуцент, а од друга страна агент на израелската разузнавачка служба во доцните 70-ти години на минатиот век.

arnon-milcan-so-bred-pit-i-anxelina-dzoli-260x172Арнон Милчан е големо холивудско име, човек кој создаде хитови како „Fight Club“ и „Pretty Woman“.

Во израелското шоу „Увда“ тој на новинарката и раскажал се за неговиот начин на живот во тие години додека набавувал оружје за израелската војска и работел на промовирање на нуклеарната програма на таа земја.

Расел Кроу, Роберт де Ниро, Бен Афлек и уште некои други големи актерски имиња се наоѓаат на списокот на личности кои соработувале со Арнон и кои исто така се поврзуваат со израелската тајна служба.

Арнон отворено признава дека се обидел да ангажира што е можно повеќе холивудски колеги во неговата работа за израелската тајна служба.

Arnon_MilchanНекои успеал дури и да ги увери да му се придружат, како покојниот режисер Сидни Полак кој почина во 2008 година, а кој за Израел купил оружје и друга воена опрема.

– Можеше да рече „не“. Многу пати тоа го направи. Но, и многу пати рече „да“ и ни помогна, изјавил Арнон.

Открил и дека ја користел популарноста на холивудските ѕвезди за да ги намами на состанок со научниците како Артут Биехл, стручњак за нуклеарно оружје. Како причина за состанок наведувал некој проект на кој актоерот би требало да работи, па од Биехл барале конкретни научни совети.

– Очекував Биехл да соработува затоа што штом научниците дознаат дека се работи за некоја ѕвезда, веднаш дотрчуваат, открил детали за своите методи за извлекување на информации од научниците.

arnon-milcam-so-deniroНо, тврди – не секогаш било така лесно.

„Во Холивуд никој не сака трговци со оружје и идеологија за заслепени луѓе. Така морав доста време да поминувам со колегите и да им објаснам дека не сум тврговец со оружје, туку дека сакам само да и помогнам на мојата земја“, се присетил Арнон.

Во шоуто гостувал и Роберт де Ниро, кој од самиот почеток знаел за неговиот двоен живот.

„Го прашав во една прилика дали е вистина дека набавува оружје за Израел. Тој ми одговори потврдно. Бев љубопотен, па го прашав за да дознаам за што се работи, а не да го осудувам. Едноставно го прифатив добиениот одговор. Ми рече дека работи за својата земја“, изјавил де Ниро.

– Луѓето не знаат колку пати си го ризикував својот живот и колку пати морав да се бранам со зборовите: „Јас не сум трговец со оружје. Јас не продавам ракети“. Но, на крајот се одлучив да речам: „Еб**е се сите. Знаете што? Го направив тоа за својата жена – горд сум на тоа“, заклучил Милчан.

Arnon_Milchan_320Ова не е прв пат да се споменува неговата вплетканост во работата со израелската тајна служба. Пред две години е објавена книгата „Confidential: The Life of Secret Agent Turned Hollywood Tycoon Arnon Milchan“ во која за прв пат се зборува за неговите активности.

Поточно, авторите Меир Дорон и Џосеф Гелман во книгата тврдат дека Милчан бил оперативец на израелското биро за научни односи кои собирале информации за развој на израелската нуклеарна програма. Канцеларијата била затворена откако Џонатан Полард бил уапсен поради шпиунажа во корист на Израел во 1986 година.

Милчан и понатаму снима филмови, а неговата компанија „New Regency“ моментално работи на дури четири филмови кои ќе излезат во 2013 и 2014 година. Еден од нив е и библискиот спектакл „Noah“ во кој глумат Расел Кроу, Ема Вотсон и Ентони Хопкинс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1