Џенифер Торнтан почнала да се задушува од парчето кобасица во нејзиниот душник. За среќа нејзината 7 годишна ќерка веднаш се сетила на филмот во кој го видела Хајмлиховиот зафат и успеала да ја спаси мајка си.
Девојчето се сетило како Робин Вилијамс го примени овој зафат врз Пирс Броснан во филмот „Госпоѓата Даутфајер“.
Го сторила истото – ја поткренала мајка си три пати и парчето кобасица излегло.
– Беше многу страшно, немаше никој друг дома. Не можев да викам, да побарам помош. Бев во шок – изјави Џенифер, среќна поради храброста на својата ќерка.