Американецот Николас МекКејб (9) погинал кога торнадо удрило во основното училиште каде учел, 20 мај оваа година. Неговите родители се уверени дека го виделе својот син после смртта.
Неговиот лик се појавил зад неговата сестра Мадисон на фотографијата направена 4ти јули. Во прв план е девојчето, а зад неа се гледа уште една детска силуета.
“Не можевме да им веруваме на сопствените очи. Брат ми рече дека се наежил кога ја видел фотографијата“ – вели таткото и додава дека е уверен дека на фотографијата има едно дете и две души.
Чувствувам дека е тука – изјавил таткото. Момчето е закопано во црвена маица, а иста таква има и момчето од фотографијата. Многумина веруваат дека на сликата е дуплирано девојчето, но за таткото ова не е важно. Тој знае што видел.