Проколната куќа сама си ги одбрала сопствениците (Фото)


На еден километар од местото Ловран во Хрватска се наоѓа куќа, за која мештаните со години поради стравот од приказните за неа ја избегнуваат. На почетокот таа била изградена како хотел.

v128708-650x533Се верува дека била опседната од души кои ги злоставуваат луѓето, кои логорувале во близина. Многумина не сакаат да зборуваат за истата, а оние кои ќе проговорат зборуваат дека истата била проколната. Во куќата се случувале чудни работи, а постојат и сведоштва од неоки кои за влакно избегнале трагедија.

Една од таквите приказни е кога еден угледен угостител, заедно со љубовницата влегле во неа за да се заштитат од дождот. Одеднаш на катот се слушнала галама, смеа и тропање на чашите и чиниите. Како да имала некакава забава. Двојката се скаменила од страв. Кога се обиделе да избегаат со автомобилот, се случил вистински хорор, како на филм. Тркалата почнале да лизгаат во место, а потоа и кон длабока провајлија.

Кога помислиле дека е крај, над куќат удрил гром, а во истиот момент возилото почнало да се оддалечува од местото. Пред десетина години Боривој Буква се охрабрил да ја истражи куќата со духови.

ukleta-kuca-pokraj-lovrana-je-sama-izabrala-svoje-vlasnike-504x335-20131146-20131122154001-5b897b53f2ca0ae68756040040443b3aСликата го шокирала. Во рушевините биле плетени фотељи, стол и лежалка, како и четири чинии на масата. Се обидел да дознае што се случува, кога во еден момент се јавил еден глас кој му дал јасно до знаење да се изгуби од местото. Знаел дека со тоа не треба да се шали. Особено затоа што куќата во последните сто години ги убила сите свои сопственици, но и случајни минувачи кои само на кратко се обиделе да останат во истата.

Гласот соопштил дека сопственикот мора да биде странец, затоа што нејзиниот прв сопственик бил странец. Само тој може да ја уреди и користи угостителската улога, како што било на почетокот.

Некогаш куќата била прекрасен хотел. Доаѓале гости од цела Австро-Унгарија.

20ur31c-440x330Една вечер во 1923 година избувнал пожар, а наводно се зборува дека ја запалил сопственикот поради парите од осигурувањето. По некое време куќата ја купило едно семејство и почнало да ја реновира.

Но наеднаш се кренал кровот и истиот паднал во селото. За среќа ниту една друга куќа не настрадала. Сопственикот набрзо потоа се разболел и умрел.

Друг сопственик умрел од изненадна болест, а следниот во бизарна несреќа, неколку месеци откако се обидел да се адаптира во новиот објект. Во куќата гром усмртил чешки туристи кои се обиделе да се заштитат од невремето.

„Куќата сама си ги бира сопствениците“, објаснил Буква и додал дека имал чувство да некој го турка додека се наоѓал во истата. На два внатрешни ѕида на куќата нацртани се големи крстови со цел некој да се заштити.

ukleta-kuca-pokraj-lovrana-je-sama-izabrala-svoje-vlasnike-504x335-20131146-20131122153955-8a40cff7a2a7a4292c54ac909ffb8b72Во куќата наводно имало три жени кои биле мачени и убиени. Една за време на Втората светска војна, а двете подоцна. Главниот организатор на злочинот бил италијански фашистички војник Скробогниа.

Меѓу останатото бил задолжен и да донесе млади девојки. Фашистите ги ловеле девојките и често цели села ги носеле во логор, поради соработка со комунистчките банди во шумата. Дел од девојките завршувале во Опатија, а оние кои високите офицери не ги сакале за забава завршувале во куќата.

Таму се случиле голем број на убиства, самоубиства и необјаснива смрт, но тие духови не се задржале.

ukleta-kuca-pokraj-lovrana-je-sama-izabrala-svoje-vlasnike-504x335-20131146-20131122153950-223d8b8af3a1478a41d2592e76732fbcНекои од мештаните велат како еден маж го пресекол гркланот на својата сопруга во 1912 година поради љубомора. Сегашниот сопственик, чиј покоен татко настрадал во бизарна несреќа, неодамна откако почнал да ја санира куќата, сега ја претворил во угостителски објект. Тоа била желба на неговиот татко.

Не верува во приказните за духови, а истата ја обновил онака каква што била. Инаку по потекло е од Унгарија, а неговиот татко има австралиско државјанство.

„Овде сум веќе шест години и ништо не се случило. Токму спротивното, голем број на гости ни се враќаат и како што велат се чувствуваат одлично“, вели сопственикот на хотелот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1