iglaСогласно извештајот на Светската здравствена организација, значителен пораст на бројот на заразени е забележан во периодот од 2007 до 2009 година, кога европската финансиска криза го достигна врвот и ја фрли земјата на колена. Бројот на ново инфицирани продолжил да расте и во следните години, од 22 во 2010 година на 245 една година подоцна – информираат од Европскиот центар за болести и превенција.
Шокантен е и податокот дека речиси половина од заразените се нарко – зависници кои сакаат на некои начин да заработат од својата мака.
Во Грција, заболените од ХИВ месечно добиваат надоместок од 700 евра, а имаат и пристап до програмите за лекување на зависноста што на некој начин е и дополнителна помош во битката со дрогата.hiv sidaВо извештајот исто така се наведува дека економската криза може да се поврзе и со зголемениот број самоубиства. Од 17 процентна зголеменост помеѓу 2007 и 2009 година на 25 отсто во 2010 година.Како што кризата се продлабочувала, во првата половина на 2011, обидите за самоубиство пораснале за 40 проценти. Пред затворањето на извештајот, оваа есен, стапката на невработеност во земјата била 26,9 отсто. Според Томас Катау, од Советот на Европа, овие податоци од Грција се алармантни. Тој апелира да им се помогне на ранливите категории.Во октомври оваа година во Атина е отворен и еден вид центар каде нарко зависниците може да се дрогираат. Центарот е финансиран од Европската Унија, ако го посетуваат, зависниците добиваат мал паричен надоместок, безбедни се и обезбедуваат база за анонимни истражувања и доаѓаат по резултати од нивните ХИВ тестови.

Обновено

Сепак подоцна проструи вест дека се работело за грешка во извештајот на организацијата за која и официјално признале и ја поправиле – еве како било првично а како гласи исправката

Според последните извештаи се работело за грешка во уредување на текстот

Првичниот текст:

“HIV rates and heroin use have risen significantly, with about half of new HIV infections being self-inflicted to enable people to receive benefits of €700 per month and faster admission on to drug substitution programmes.”

исправка:

“half of the new HIV cases are self-injecting and out of them few are deliberately inflicting the virus”

Kanal5