Аети Џељал е лицето кое вечерва е убиено во вистинско мафијашко убиство во чјаџилница во скопски Сингелиќ. Како што објави Press24 непознато машко лице со маска на главата влегол во чајџилницата и веднаш почнал да пука со автоматската пушка која ја носел со себе.
На лице место е убиен Џељо а уште две лица со тешки повреди се префрлени во болница и се уште нема информации каква е нивната сосотојба.
Џељо важеше за влијателен човек во скопското подземје па оттука и шпекулациите дека можеби станува збор за нарачано убиство. Од полицијата потврдуваат дека имало убиство но не откриваат детали околу мотивите.