состојки:
Банани
Чоколадо (70% какао)
Путер од кикирики
лешници
подготовка:
Бананата се сече на половина и со лажичка од средината се вади внатрешноста. Се топи чоколадо и додека сеуште топло, натопете ги бананите во чоколадото до половина.
Лешникот иситнет на парченца ставете го во чинија. Додека чоколадото е сеуште топло бананата нежно се тркала во лешниците. Путерот од кикирики ставете го во шприц или торбичка за декорација. Пополнете ја бананата . Ставете во фрижидер додекс чоколадото не се стврдне.
Совети:
– Бананите брзо ја менуваат бојата, доколку не ги конзумирате веднаш – потопете ги во сок од лимон пред приготвувањето.
– Ако сакате посилен вкус на лешникот – накратко испржете го во тава.