Како што објави српскиот „Ало“, станува збор за министер кој многу соработува со кинеските претпријатија и чие име и е познато на редакцијата, но во интерес на полициската истрага, која веќе е во тек, не се открива.

soikj„Истражните органи не замолија извесно време да не го објавуваме името на министерот во интерес на истрагата во врска со неговото работење која во моментов се води“, објаснува „Ало“.

Во текстот понатаму се продолжува дека: „Договорајќи зделка со кинеските бизнисмени, министерот, мртов, ладен, побарал провизија од осум отсто за себе. Кинезите биле изненадени и шокирани од постапката на министерот, но не реагирале избрзано, туку им се обратиле на своите власти“.

Веднаш потоа, кинеската амбасада во Белград испратила депеша до српската Безбедносно информативната агенција(БИА) и до премиерот Ивица Дачиќ.

„Во депешата се укажува, не само на срамотното однесување на српскиот министер, туку се подвлекува и дека станува збор за незаконско однесување кое би морало да биде санкционирано“, раскажал за „Ало“ добро упатен извор.

Редакцијата, прогнозирајќи ги штетите што би можела да ги има државата од овој „инцидент“, посочува бројни градежни проекти вредни над една милијарда долари, многу значајниот проект за изградба на автопатот „тежок“ 340 милиони долари, кој веќе бил верифициран во српскиот парламент, како и две концесии за изградба на патна инфраструктура вредни 700 милиони евра.

За потсетување, пред само неколку денови кинеските власти објавија дека во текот на годинава што изминува над 20.000 нивни функционери биле казнети поради неоправдано трошење на државните пари и корупција.