Идеални места за развој на мувлата се влажни површини, како што се влажни делови на ѕидовите или истурена течност на подот при капењето во бањата. Причина за нејзина појава може да биде и недоволно греење и циркулација на воздух во услови на зголемена влага во просторијата,а тогаш најчесто се појавува во аглите на собата, позади завесите, плакарите, како и на споевите на прозорците. Мувлата на ѕидовите се манифестира во вид на точки со црна, сива или кафена боја.
lifeconnect.info презентира постапка за отстранување на мувла со средство за белење (варикина), како алтернатива на специјалните фунгицидни средства:
Во распрскувач ставете смеса од вода и средство за белење (на база на хлор), и тоа во соодност 3 дела вода и 1 дел средство за белење. Испрскајте го самото место на мувлата и околу него, и оставете да делува средството најмалку 20 минути. Откога ќе се исуши, повторете ја постапката. Работната површина на крај може да ја измиете со вода и благ детергент (на пример, течност за миење садови). При постапката употребувајте ракавици, стара облека и заштитни очила.
Еве уште еден ефективен начин . Се што ви треба е :
-масло од чајно дрво
-отворен прозорец
-сунѓер, крпа и пешкир
– четка за заби и
-четка за рибање
Првиот чекор е да се обезбеди услови за постојано струење на воздухот или од вентилатор или уште подобро од малку подотворен прозорец. Ова е многу важно за да се спречи развојот на мувлата.
Се меша две лажици масло од чајно дрво и две чаши вода и потоа се става во шише ( прскалка). Се распрскува на површината со мувла и се остава да стои еден час. Потоа се риба со четката а четката за заби ќе ви помогне да ги изрибате оние фини и недостапни места. Потоа се брише најпрво со сунѓер,потоа со крпа и на крајот со пешкир. ( не се плакне ѕидот само се брише со суво) Чајното дрво има антибактериско и антигабично дејство и ќе го спречи размножувањето на мувлата.
Доколку не успеете да најдете масло од чајно дрво тогаш можете оваа постапка да ја направите со алкохолен оцет нааместо чајното дрво.