Без милост: Севернокорејскиот водач Ким Јонг-Ун си го погуби тетинот


Официјален Пјонгјан објави дека Јанг Сонг-Таек, тетинот и политичкиот ментор на комунистичкиот севернокорејски водач Ким Јонг-Ун, кои се сметаше за сива еминенција и втор човек според можта во Северна Кореја, е погубен откако специјалниот воен суд утврдил дека е виновен за предавство и го осудил на смрт.

c6a896f5-85f9-4254-8520-d26c66d68178Претходно според јужнокорејските разузнавачки служби коишто на почетокот од декември ја објавија информацијата за разрешувањето на Јанг Сонг-Таек од сите фунцкии претпоставуваа дека не е во животна опасност, како ниту неговата сопруга Ким Кјонг-Хуи.

„Обвинетиот Јанг собрал подолг период непожелни сили и формирал фракција како шеф на фракциска група и со тоа извршил гнасно злосторство во обидот за уривање на државата”, се вели во соопштението што го објави ноќта кон петокот KCNA официјалната државана новинска агенција на Демократска Народна Република (Северна) Кореја.

Во понеделникот севернокорејските власти потврдија дека во ноември Јанг бил сменет од сите должности под обвинение за криминални дејствија, меѓу кои лошо управување со државниот финансиски систем, одавање на алкохол и женскарење. На Јанг Сонг-Таек му биле одземени сите функции и почести на состанокот на Пилитбирото на Централниот комитет на владејачката Работничка партија, чиј член беше самиот.

kim-dzong-un-foto-rojters-1386608013-409857„Групата на Јанг Сонг-Таек извршила самоволни, контрареволуционерни и противпартиски дела, коишто и поткопаа единството и кохезијата на партијата”, беше објавено во официјалното соопштение од понеделникот во коешто се додава и дека „Јанг и неговите приврзаниците направиле криминални деанија кои ја надминуваат фантазијата и предизвикале огромна штета за партијата и револуцијата”,

Во саботата јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на разузнавачките агенции, објавија дека човекот кој бил задолжен за финансиите на Јанг, пребегнал и службите на ривалската Јужна Кореја го чувале на тајна локација во Кина. Претходно на почетокот од декември тие известија дека уште во ноември неколку негови соработници се стрелани.

Се проценува дека смената на овој висок државен функционер, кој се сметаше за „десната рака” на Ким Јонг-Ун и вториот најмоќен човек во комунистичкиот режим, претставува најголемиот пресврти од доаѓањето на младиот севернокорејски челник по смртта на неговиот татко ким Јонг-Ил пред две години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1