Поради неполните временски услови со магла и ниска видливост од аеродормот „Александар Велики“ во Скопје очекуваат авиосообраќајот да се реализира само во одреден краток период од денот, од 12 до 14 часот.
Маглата веќе два дена го попречува нормалното функционирање на авиосообраќајот од аеродромот „Александар Велики“, кој од синоќа е затворен за сообраќај. Од ноќеска се откажани сите планирани слетувања и полетувања. И вчера дел од летовите беа откажани, а дел пренасочени кон Охрид, Софија и Белград.
Маглата го попречува нормалното одвивање и во патниот сообраќај. Поради густата магла намалена видливост од 20 до 50 метри има на патните правци Куманово – Скопје и Градско-Демир Капија.
На останатите патни правци сообраќајот се одвива без забрани и по наместа влажни коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на некои повисоки планински и осојничави места.