Карлос Сантана после речиси 4 децении се сретна со својот стар пријател и со поранешен тапанар во бендот.
Средбата на двајцата пријатели била особено емотивна бидејќи тапанарот Маркус Малоун со години живее како просјак на улиците во Окланд.
Низ разговор, Робертс дознал дека своевремено Малоун свирел и соработувал со Сантана.
Излегло дека просјакот ја зборува вистината и дека бил член на бендот кој соработувал со Сантана до 1968 година.
Сантана и Маркус се разделиле откако тапанарот бил обвинет за злосторство и испратен во затвор во Сент Квентин.
Откако излегол на слобода Маркус не можел да пронајде постојана работа и почнал да живее на улица.
Кога Сантана ја видел емисијата на Робертс, веднаш тргнал да го бара, побарал и помош од новинарот за да се сретне со стариот пријател.