ФОТО: Медицинска сестра пронајдена мртва во болница


Медицинска сестра починала во болница неколку минути откако сама на себе си ставила инјекција. Наташа Мичиќ (26) работела во болницата во Кикинда,Србија. Трагичниот настан се случил во средата откако во ногата си ставила инјекција против алергија

natasa-micic-1388094674-418421Наташа била алергична и често и натекувале очните капаци, за што добивала и соодветна терапија.Нејзините колешки велат дека никогаш не била депресивна и дека имала планови да го заврши курсот по германски јазик и да најде работа во Германија.

– Таа се подготвуваше за новогодишниот бал на лекарите. Но место денеска да одиме на прослава, ние ја испраќаме нашата миленичка, вели мајка и Мила.

Наташа и дома си ставала инјекции , но последните месеци не користела инјекции и не земала храна со глутен, изјавила мајка и за српските весници.

Колегите критичната ноќ забележале дека ја нема Наташа и почнале да ја бараат на одделението во болницата. Набргу ја пронашле во тоалетот во бесвесна состојба и се обиделе да ја реанимираат. Но било предоцна.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1