Руските новински агенции јавуваат дека десет лица биле убиени, а уште толку ранети во експлозија во тролејбус во Волгоград.
До експлозијата дошло денеска, еден ден по самоубиствениот напад во железничката станица во истиот град кога загинаа 17 луѓе, а над 40 ранети.
По вчерашниот напад беа засилени контролите на железничките станици, аеродромите и на други места.Локалните власти спроведуваат истрага за да се утврди дали денешната експлозија била поврзана со вчерашниот, како што е оценето, терористички напад.
Најпрвин се сметаше дека вчерашниот напад го извршила жена, но потоа Истражната комисија соопшти дека одговорен за нападот најверојатно бил маж.