Нова експлозија во Волгоград – десетмина загинати (Видео)


Руските новински агенции јавуваат дека десет лица биле убиени, а уште толку ранети во експлозија во тролејбус во Волгоград.

77C1B520-34D0-45B5-87B4-96D9E4D9FFED_w640_r1_sДо експлозијата дошло денеска, еден ден по самоубиствениот напад во железничката станица во истиот град кога загинаа 17 луѓе, а над 40 ранети.
По вчерашниот напад беа засилени контролите на железничките станици, аеродромите и на други места.Локалните власти спроведуваат истрага за да се утврди дали денешната експлозија била поврзана со вчерашниот, како што е оценето, терористички напад.

Во јули чеченскиот бунтовнички лидер Доку Умаров повика на напади врз цивилни цели, вклучувајќи и во Сочи каде што за шест недели треба да почнат Зимските Олимписки игри.Досега никој не ја презеде одговорноста за вчерашниот напад, но руските претставници сугерираат дека зад него стојат исламистички милитанти од соседниот севернокавкаски регион.

Најпрвин се сметаше дека вчерашниот напад го извршила жена, но потоа Истражната комисија соопшти дека одговорен за нападот најверојатно бил маж.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1