Функционер земал 10 милиони долари мито – па ги вратил


Поранешниот грчки директор за набавка на оружје во Министерството за одбрана Антонис Кантас вратил дел од митото кој го примил додека ја извршувал функцијата

mito_1Тој признал дека за повеќе од десет години примил мито од 16 милиони долари, а вратил околу 10 милиони долари на државата, јавија денеска новинските агенции, повикувајќи се на извори на грчкото Министерство за финансии. Кантас, кој од 18 декември е во притвор поради земање провизија за направените договори, парите ги предал преку овластениот адвокат на специјална сметка во Банката на Грција .

Тој е првиот грчки функционер кој признал дека земал мито во врска со склучување на големи договори за вооружување со странските компании од Германија, Франција, русија, Бразил и Шведска, пренесува Ројтерс. Со истрагата биле пронајдени 13,7 милиони евра во една сингапурска банка, по сведочењето на Кантас, кој бил на должност од 1997 и 2002 година.

Еден од двајцата осомничени е и претставник на германска компанија  Дмитрис Папахристос (78), кој бил успасен во понеделникот. Неговиот адвокат изјавил дека тој има тешко заболување, како и дека „пати“ од амнезија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1