Во изминатото деноноќие на Клиниката за токсикологија во Скопје биле донесени 28 пациенти.
Како што информираше директорот на Токсикологија, Андон Чибишев, 23 од нив имале труење од алкохол, меѓу кои 15 мажи и 8 жени.
Само 11 од нив биле малолетни лица. Најмладиот пациент е момче од 14 години, а најстариот има 40 години. Изминатово деноноќие на токсикологија ниту еден пациент не бил хоспитализиран.